Название: Синџирот На Дејзи
Автор: Owen Jones
Издательство: Tektime S.r.l.s.
Жанр: Зарубежные детективы
isbn: 9788835418160
isbn:
„Ги поставив сите програми и чекав некој да ми каже што да правам...или
барем да ми даде информации за бизнисите коишто треба да ги
анализирам – како имиња и адреси, но никој не дојде. Така, го направив тоа
што можев и дојдов на ручек.“
„Така оди тоа, душо. Кога-тогаш ќе се научиш. Само полека се стигнува
до победа.“ Таа ја погледна мајка си, која често беше наклонета да кажува
безначајни клишеа кога не е погодно, но сега јадеше и не ја ни гледаше неа.
Потоа погледот го сврте кон татко ѝ, но и тој ја одбегнуваше.
„Па, тато, кој ќе ми помогне на почеток?“ Беше решена да не ја остави
работата така.
„Извини, пиле, ќе повториш? Бев замислен. Да не заборавам, дали
Мануел ти ги прати податоците што му реков да ти ги прати?“
„Не знам на кои податоци мислиш, така? Меѓутоа, бидејќи ниту тој ниту
никој друг не ми пратил ништо, ќе кажам дека не ми ги прати.’
„Можеби сум заборавил да му кажам. Само секунда.“ Тој стисна неколку
копчиња на телефонот и разговараше со некого. „Не, не ги знам нејзините
нови податоци за контакт. Ќе ѝ дадам сама да ти ги каже.“ Ѝ го подаде
телефонот на Дејзи, велејќи, „Треба да си направиш визит-карти за да знаат
другите дека постоиш и како да стапат во контакт со тебе. Ни јас не знам, а
живееме во истата куќа!“
Ја сфати пораката. Независно дали другите знаеја што да прават со неа, таа беше подеднакво виновна поради тоа што не е достапна. Попладнето си
дизајнираше визит-карта со помош на печатач на интернет, со помош на
алатката Џинг го исече дизајнот и го прати во локална печатница за веднаш
да се печати. Следниот ден ќе ѝ испорачаат илјада шарени визитки.
Проблем ѝ претставуваше само полето со работната функција. Беше
решена дека не сака да ја опишуваат како книговодител, па дури ниту како
сметководител. Но, ѝ се допадна описот кој конечно го смисли: „Решавач на
проблеми“.
Одговараше со семејниот темперамент, според неа, а како за жена, звучеше агресивно. Особено за убава, млада, синоока, русокоса дама.
Беше совршено. Потоа ги внесе називите и подробностите за бизнисите на
татко ѝ и се запозна со нивната локација и со тоа што им беше предмет на
работа.
Таа вечер, на вечерата, на татка си му го покажа списокот со петнаесет
бизниси коишто ѝ беа доделени.
„Добро, тато“, почна таа, „Сакам да се запознам со менаџерите на сите
овие компании и да им дадам до знаење дека ќе ги проучувам. Мислиш
дека би било подобро ти да ме прошеташ и да ме претставиш или сакаш
прво СКАЧАТЬ