Синџирот На Дејзи. Owen Jones
Чтение книги онлайн.

Читать онлайн книгу Синџирот На Дејзи - Owen Jones страница 15

Название: Синџирот На Дејзи

Автор: Owen Jones

Издательство: Tektime S.r.l.s.

Жанр: Зарубежные детективы

Серия:

isbn: 9788835418160

isbn:

СКАЧАТЬ па, во интерес на твоето ’Запознавање‘, ако сакаш, ќе организираме

      неформална забава крај базенот, каде што ќе разговараме за ова со

      останатите и ќе ги запознаеме едни со други. Дали ти звучи добро?“

      „Да, тато, звучи совршено. Јас да го организирам тоа или ти?“

      „Ајде прво да зборуваме со Тони, па ќе му го препуштиме тоа нему. Ти си

      новиот посредник, но тоа отсекогаш била неговата улога. Вие двајца

      отсекогаш добро сте се сложувале, па гледај да не го налутиш. Не

      заборавај, никој не сака да се чувствува омаловажено... дека изгубил дел од

      моќта... особено од новајлија, дури и кога се работи за ќерката на шефот.“

      „Добро, тато, ќе ти го препуштам тогаш тоа тебе.“

      ∞

      Откако таа му ја објасни новата структура на семејните фирми на Тони и

      повторно на нејзините родители, се најде сама со Крупниот во градината, како што обично биваше.

      „Дали навистина ни ги одобри идеите, чичко Тони, или само прифати нов

      стил на раководење?“

      Тој вообичаено беше внимателен со своите зборови исто како татко ѝ на

      Дејзи, но не и кога се работеше за нејзе. Нејзе секогаш ѝ ја кажуваше

      вистината во мера којашто сметаше дека треба да ја знае или пак може да

      ја издржи.

      „Искрено го одобрувам тоа што го рече внатре. Веројатно сега е

      популарно... Нам немаше да ни текне тоа што ти го предложи...нашиот стил

      беше да им кажеме ним, на менаџерите, што да прават, па да се

      расправаме со нив ако не излегуваше математиката... Но таквите денови

      сега се во замирање... Полицијата повеќе не е ни приближно толку

      корумпирана како што беше пред дваесет години, а сега веќе не е модерно

      да се тепаат менаџерите коишто не соработуваат... Така што, целокупно

      гледано, твојот пристап е добро подновување на стилот на компанијата...и, да бидам искрен со тебе, уверен сум дека татко ти се согласува...“

      „Значи, мислиш дека ми оди добро, чичко Тони?“

      „И повеќе од ’добро‘, малечко, многу повеќе од тоа. Ти си вистински

      доказ дека крушата под круша паѓа.“ Дејзи го фати огромниот бицепс и го

      приближи кон образот додека чекореа. „Уште една работа; повеќе би сакала

      отсега да ме викаш само Тони. Тоа не менува ништо, но...што знам, едноставно ми звучи подобро...“

      „Нема проблем. Ќе биде ’само Тони‘!“

      „И уште една работа; ако фатиш да ми шеташ, сепак може да ти ја

      треснам една...неважно е што си му ќерка на шефот“.

      „Пораката е примена јасно и гласно. Фала ти за охрабрувачкиот

      разговор. Се гледаме после:

      „Ах, Тони, уште една работа; имаш уште неколку минути?“

      „За тебе? Секогаш. Што е?“

      „Го знаеш ’Туѓи раце‘ во Лос Боличес?“

      „Да, СКАЧАТЬ